Петар Ангелов “раскина” со Ратинген

Поранешниот македонски репрезентативен голман и поранешен чувар на мрежата на Тиквеш, Вардар, Пелистер, Металург, Анталија, Кремс и Трембле, не е повеќе член на германскиот нисколигаш Ратинген.

Договорот е раскинат со заемна согласност и искусниот голман ќе се врати во Македонија, иако требаше да остане во Ратинген до јуни во 2020 година.

Минатата година Ангелов имаше проблем и со повреда, па германскиот тим не можеше да смета на неговите услуги во поголем дел од сезоната.

Во Ратинген настапуваат уште двајца македонски интернационалци, Филип Лазаров и Ацо Јоновски.