Перуничиќ за наследникoт: Да престанеме со фрустрации и анимозитет, Херона мора да добие поддршка!

По оставката на Ненад Перуничиќ, поради неуспехот на Европското првенство 2020 година, северниот сосед доби нов предводник.

Станува збор за шпанскиот стратег Тони Херона, кој истовремено ќе ја извршува и функцијата тренер на францускиот тим Шарт.

Перуничиќ на состанокот на Управниот Одбор на РСС, кога беше промовиран новиот селектор и негов наследник, побара поддршка за него.

„Бидете единстевни во поддршката за мојот наследник, без оглед дали ви се допаѓа или не. Само со заедништво можат да се остварат некои работи. Тони е прекрасен човек, ќе му бидам на услуга за било каков совет или помош. Ќе му бидам поддршка, како што им бев на сите пред него. Најчесно ја работев мојата работа, се дадов себе си како што правам секогаш. Го избравме најтешкиот можен пат. Драго ми е што им го вратив патриотизмот на момците, со срце да играат за својата земја. Голема чест ми е што бев селектор на Србија. На играчите не им замерувам ништо. Време е да ја дадеме најдобрата поддршка и да престанеме со фрустрации и анимозитети. Многу години изгубивме поради тоа“, вели Перуничиќ за „Балкан Хендбол“.

Со оглед на тоа што Србија не успеа да се пласира на СП во Египет следната година, прва обврска за Херона ќе бидат квалификациите за Европското првенство во 2022 година.