Периќ: Игравме против врвен тим, пресудија црвените картони

Тимот на Еурофарм Пелистер загуби дома од Мешков Брест со 27-31 во првиот четвртфинален натпревар од регионалната СЕХА лига.

Втор стрелец во битолскиот тим беше Јосип Периќ, кој смета дека двата црвени картони за Немања Обрадовиќ и Никола Маркоски беа пресудни за поразот.

„Игравме против врвен тим, но многу лошо отворивме и исклучени беа двајца наши многу важни ракометари за играта во одбрана и мислам дека тоа пресуди. Сигурно дека треба да се подигнеме, да извлечеме поука од овој натпревар и да бркаме четири гола за полуфинале во Белорусија“, вели Периќ.

Реваншот меѓу Мешков Брест и Еурофарм Пелистер се игра на 29 август со почеток во 16:00 часот.