Периќ: Боли поразот, но главата горе – не чекаат уште сериозни предизвици

Еурофарм Пелистер загуби по вторпат од Нексе Нашице со 21-22 и беше елиминиран од Лигата на Европа.

Капитенот на битолскиот тим, Јосип Периќ вели дека домашниот пораз боли, но дека Нексе заслужено оди понатаму.

„Честитки за победите на Нексе. Одличен ракомет одиграа и ги искористија нашите периоди на лоша игра и на крај заслужено одат понатаму. Најголема жал останува затоа што изгубивме и пред нашата публика, но мислам дека тоа најмногу не боли. Ако веќе моравме да испаднеме, барем да одиграме реми или да остваревме минимална победа. Ни останува да се свртиме кон домашното првенство и Купот, имаме добри шанси да донесеме титула. Не можеме долго да жалиме, многу брзо ни следуваат сериозни предизвици и важни натпревари Глава горе, и продолжуваме со работа“, вели Периќ.

За битолчани до крајот на сезоната остануваат само предизвиците во Суперлигата и во Купот на Македонија.