„Пеналџијата“ Хансен го мина Лазаров, но останува без европска титула

Францускиот ПСЖ загуби од Алборг со 33-31 и уште еднаш ги разочара фановите и раководството на клубот.

Данецот Микел Хансен на оваа средба беше користен само како пеналџија и имаше шест погодоци од шест обиди.

Сега Хансен има вкупно 66 гола на досегашните настапи во Келн, а тоа е еден повеќе од Кире Лазаров.

Сепак нашата легенда има натпревар за играње против Барса сигурно ќе се врати на лидерското место. Досега Лазаров има постигнато 65 погодоци на Ф4 турнирите во Келн.

Поразот на ПСЖ значеше дека Хансен ниту годинава нема да има шанса да се израдува на европска шампионска титула, единствена што му фали во богатата колекција.