Пелистерци пристигнаа во Диселдорф и веднаш се фатија за работа (ФОТО)

Ракометарите на македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер откако денес пристигнаа во Диселдорф го одработија првиот тренинг пред утрешниот натпревар против Мотор Запорожје, во рамки од 4. коло од Лига на Европа.

Како што е познато, поради конфликтот во Украина, тимот на Мотор Запорожје, кој се натпреварува во втората Бундес лига, натпреварите ги игра во Диселдорф.

Избраниците на Ларс Валтер утревечер ќе излезат на мегдан за втора европска победа и одржување на шансите за пласман во следната фаза во второто по ранг европско натпреварување.

Валтер за дуелот против Мотор Запорожје на располагање ќе го има десниот бек Усама Хосни. Искусниот ракометар се врати во ростерот на ,,фармацевтите” по пауза од еден месец и сигурно ќе добие минутажа против украинскиот тим.

Сѐ уште надвор од комбинација е Мартин Велковски, Мохамед Суси е на рехабилитација по операцијата, додека повреден ѐ и Руди Сери.

Мечот меѓу Мотор Запорожје и Еурофарм Пелистер ќе се игра со почеток во 18:45 часот.