Пелистерци не се сами – имаат македонска поддршка во Германија!

Ракометарите на Еурофарм Пелистер во овој момент го играат натпреварот против Мотор Запорожје во рамки од 4. коло од Лига на Европа.

Избраниците на Ларс Валтер атакуваат на втората европска победа во новата натпреварувачка сезона.

Македонскиот вицепрвак во Диселдорф има солидна поддршка од трибините.

Околу 50 македонци од Диселдорф, односно околината решија да му дадат поддршка на македонскиот претставник во второто по ранг европско натпреварување.