Пелистерци во Маврово се подготвуваат за дербито со Вардар!

На 26 март во недела во СЦ ,,Јане Сандански” ќе се одигра дерби дуелот меѓу екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер во рамки од 5. коло од плеј-оф фазата во Суперлигата.

Еурофарм Пелистер подготовките за големото дерби ќе ги мине во Маврово каде екипата ќе крои стратегија за победа над актуелниот македонски шампион.

Двете екипи имаат по 15 бода на табелата и за титулата би можело да одлучува и еден шут, така што битолскиот тим сериозно ја сфати задачата и одлучи играчите да минат во карантински подготовки.

Овие две екипи реванш дуелот ќе го одиграат на 6/7 мај во Битола, но до тој дуел не би смееле да направат кикс против останатите екипи во плеј-оф фазата.

Александар Јовиќ за неделното дерби нема да смета на Руди Сери поради повреда.

Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се одигра со почеток од 18:00 часот.

Правдата на дерби дуелот ќе ја делат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола.