Пекелер со јасен став: Кил одигра најдобро, заслужи да биде шампион

После најновите мерки во Германија со кои се забрануваат натпревари и групни собири до крајот на август, сосема извесно е дека Бундес лигата нема да го дочека крајот на терен и дека ќе мора да се донесе одлука на „зелена маса“.

Ваквата одлука беше причина за коментар од страна на пивотот на репрезентацијата на Германија и играч на Кил, Хендрик Пекелер кој смета дека треба да биде прогласен шампион според резултатите од одиграните натпревари.

„Јасно е дека условите нема да се подобрат и дека и дека тешко ќе може да продолжиме да играме нормално сезонава. Затоа сметам дека овој шампионат е веќе завршен и треба да биде прогласен шампионот од страна на федерацијата“, вели пивотот на Кил, Хендрик Пекелер.

Тој смета дека заедно со колегите одиграле најдобро сезонава и дека заслужиле да дојдат до круната така што очекува од раководните лица од Бундес лигата да бидат прогласени за шампиони.

„Се разбира дека сакаме титулата да ја добиеме откако ќе бидат одиграни сите 34 кола, но во ситуацијава кога не е можно да се одиграат натпреварите до крај сметам дека Кил како тим кој освои најмногу поени пред паузата треба заслужува да биде шампион. Сезонава одигравме најдобро и мислам дека заслужуваме да ја освоиме титулата“, коментира Пелекер.

Екипата на Кил беше на првото место при прекинот на сезоната со 44 поени. Имаше 26 одиграни средби. На 2. позиција со натпревар повеќе, но со два поени помалку беше тимот на Флензбург.