Пачковски и Трастарсон се вратија на тренинзите во Келце

Ракометарите на Келце, Павел Пачковски и Хаукар Трастарсон се вратија на тренинзите во полскиот шампион, но нема да настапат до крајот на сезоната.

Како што е веќе познато, двајцата ракометари паузираа поради повреда и во следниот период ќе тренираат по индивидуална програма.

Белорусинит Пачковски во месец октомври минатата година заработи повреда на ногата, додека колега од Исланд во декември ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото и поради тешката повреда не можеше да настапи на Светското првенство во Полска и Шведска.

Периодот на рехабилитација се одвива на одлично ниво, па така доколку се биде во најдобар ред, камбекот на двајцата ракометари ќе биде во следната натпреварувачка сезона.

Сепак, Келце има голем избор на бековските позиции, па така отсуството на Пачковски и Трастарсон не се почуствува многу.

Келце обезбеди директен пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите и за ривал ќе го има победникот од дуелот меѓу екипите на Веспрем и ПИК Сегед.