Парондо и Египет редат победи, фатија победнички ритам пред Мундијалот

Репрезентацијата на Египет која е домаќин на следното Светско првенство имаше две одлични контроли со што поранешниот тренер на Вардар, Роберто Парондо продолжува со одличните резултати.

Египет го совлада Бахреин прво со 32:19, а потоа и со 25:23 со што покажа дека на домашен терен во јануари ќе има што да покаже на теренот.

Составот на Египет имаше доминација на првата средба во која уште во првиот дел покажа далеку подобра игра и дојде до 18:10 така што потоа беше далеку полесно да се игра.

На втората средба имаше многу поизрамнета игра во која после 30 минути резултатот беше 14:13. Потоа во второто полувреме играта беше исто така интересна, па и тоа заврши со гол предност за Египет до конечни 25:23.

Ова е добра најава за „фараоните“ за Светското првенство така што сосема извесно е дека домаќинот е еден од кандидатите за висок пласман на шампионатот.