ПАОК ја дуплира предноста во финалето, Боризовска и Дабевска на чекор до титула

Тимот на ПАОК од Солун, каде што играат двете македонски интернационалки Александра Боризовска и Сања Дабевска поведе со 2-0 во финалната серија од шампионатот на јужниот сосед на Македонија.

ПАОК славеше на домашен терен против незгодниот тим на Неа Јонија со два гола разлика, 23-21.

Кружниот напаѓач Дабевска беше стрелец на два погодоци, додека средниот бек Боризовска даде еден гол.

Третиот натпревар од финалната серија, што се игра до три победи е на програмата на 29 април, додека ако има потреба следните мечеви ќе се играат на 3 и 8 мај.