„Пантерот“ бранеше одлично – Томовски го запре Партизан (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар ја запишаа првата победа во новата сезона од регионалната СЕХА лига, откако во второто коло на домашен терен го совлада незгодниот состав на Партизан, со резултат 31:26 (16:14).

Еден од најзаслужните за победата на македонскиот шампион во регионалното натпреварување беше голманот Мартин Томовски, кој во дуелот со Партизан бранеше во текот на сите 60 минути.

Томовски натпреварот го заврши со 13 интервенции и дел од неговите одбрани беа во моментите кога се „кршеше“ резултатот. Младиот голман уште од стартот започна да брани одлично и беше ветер во грбот на своите соиграчи.

Вардар се радува на прв СЕХА триумф, Партизан падна во Скопје