Палмарсон со „десетка“ во Целје – Алборг во осминафиналето како петтопласиран

Последниот меч од Б групата за екипата на Целје немаше резултатско значење бидејќи словенечкиот првак немаше шанса за осминафиналето, па тоа го искористи Алборг и со триумф 34-31 скокна место повисоко. Данците во осминафиналето ќе тргнат од петата позиција, а зад себе го оставија ПИК Сегед.

Како петтопласирани во Б групата, нивни следен ривал во осминафиналето ќе биде ГОГ Гудме или Динамо Букурешт, во зависност која екиша ќе биде четвртопласирана во таа грипа.

Во Словенија, освен почетните 1-0, 2-1 и 3-2 за Целје, се друго беше во знакот на Алборг. Данците имаа водство постојано, и беше неизвесно само со колкава разлика ќе заврши натпреварот во нивна корист.
Гостите имаа повеќе упатени удари на голот (вкупно 49), па иако за нијанса послаба ефикасност (69 отсто), сепак на крајот победија.

Арон Палмарсон со 10 гола од 14 обиди и Кристијан Бјорнсен со ефикасност 6/6. Во 20 минута Алборг ја имаше дотогаш највиоската предност, 13-7. До крајот на првото полувреме домаќините намалија на 15-19, со надеже дека можеби нешто може да смената во второто полувреме.

Но, ништо од надежта. Алборг го контролираше резултатот, а Целеј само се обидуваше да намали, недоволно да дојде до резултатска драма.
Целје ја заврши европската авантура, и ќе чека нова сезона. Алборг кој влезе во покана од ЕХФ, има шанса да го оправда скапиот проект кој го почна.