Паличка од следното лето меѓу стативите во ПИК Сегед

Шведскиот репрезентативец и член на ПСЖ, Андреас Паличка, се наоѓа пред трансфер во унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед, пренесува „RTH Handball“.

Искусниот голман со францускиот шампион има двегодишен договор и откако ќе му заврши ангажманот во најбогатиот европски клуб ќе се пресели во редовите на ПИК Сегед.

Тоа значи дека Паличка во клубот од Сегед ќе пристигне следното лето, односно во сезона 2024/25.

36-годишниот Паличка потекнува од Редбергслидс, а потоа ги бранеше боите на германските Кил и Рајн Некар и данскиот Алборг.

Во споменатата сезона (2024/25) на клупата на ПИК Сегед треба да седне поранешниот репрезентативец на Шведска и актуелен тренер на Савехоф, Микаел Апелгрен, додека негов асистент би требало да биде неговиот сонародник Јонас Калман.