Палевски и Караиванов дадоа 22 гола, Пролет со рутинска победа во Струмица

Тимот на Пролет ја продолжи победничката серија во Суперлигата и оствари лесен триумф на гостувањето во Струмица кај составот на Астраион со 24-31.

Домаќинот кој беше со редуциран ростер на овој натпревар, парираше солидно во првото полувреме, барем во првите петнаесетина минути кога беше 6-7. Потоа гостите се одлепија на 6-9, а беше и 7-11.

На пауза сепак се замина со плус три за избраниците на тренерот Никола Матлиески, 11-14. Кога на стартот на второто полувреме Пролет даде три гола во серија за 11-17, веќе беше јасно дека бодовите патуваат во Скопје.

Гостите имаа и 11 голови разлика на средината на вториот дел, но до крајот струмичани успеаја некако да го направат поразот пристоен, 24-31.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Давор Палевски со 11 погодоци и Мартин Димов со четири. Дебитираше и новото засилување за Пролет, Жарко Пејовиќ со два гола. Во составот на Астраион се истакна Мите Караиванов со 11 голови.

25 ноември 2020
24 - 31
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
25 ноември 2020 20:22 СУПЕРЛИГА А 2020/2021 25.11.2020 60'

Место

Спортска сала „Парк“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
АСТРАИОН1124Пораз
ПРОЛЕТ1431Победа

АСТРАИОН

# Играч Позиција Исклучување Голови
Јордан Рингов-00
Мартин Ристов-00
Александар Коцевголман00
4Мите Караивановлев бек111
6Миливој Котевски-01
9Филип Кавазовцентрален бек11
12Мартин Перовановиќголман00
14Дарко Катранџиевлево крило01
16Александар Гоџировголман00
17Ѓорѓи Касаповдесно крило02
18Славе Јанковскилево крило03
69Христијан Ефтимовцентрален бек04
77Иванче Ончевцентрален бек01
 Вкупно 224

ПРОЛЕТ

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Кристијан Кристоголман00
4Михаил Аларовпивот01
7Кристијан Давитковскидесен бек01
8Дејан Пецаковскилев бек12
10Стефан Доневпивот01
13Мартин Димовдесно крило24
15Ласко Андоновскицентрален бек02
16Никола Кизиќголман00
18Иван Џоновлев бек03
19Доне Мајновдесен бек02
21Марио Гичевцентрален бек00
22Александар Василевскилев бек00
26Петар Ангеловголман00
71Давор Палевскилево крило011
99Жарко Пејовиќцентрален бек12
11Виктор Додевскидесно крило02
 Вкупно 431

Officials

Судии:Делегат:
ЌАЕВ ГЛИГОР
ЌАЕВ СПАСКО
ЧАВДАРОВ ВАСИЛ
ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД14131040
2ОХРИД14110333
3ТИКВЕШ14110333
4СТРУГА1470721
5ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21460818
6АЕРОДРОМ1441913
7КУМАНОВО1412115