Паднала во домот, добила потрес на мозокот и ја чека пауза од ракометот!

Ракометната федерација на Данска излезе со соопштение дека за пријателските натпревари против Шведска во рамки од ЕХФ неделата ќе има промени во националниот состав.

Меѓу отсутните ќе биде голманката на Оденсе, Алтеа Рајнхард, која имала незгода во својот дом, односно паднала на подот, при што добила потрес на мозокот.

Искусната голманка ќе ја пропушти ЕХФ неделата, во која нејзината репрезентацијата на двапати ќе тестира со Шведска, но не е познато колку долго ќе паузира од ракометот.

На местото на Рајнхард дополнително беше повикана младата голманка од Есбјерг, Амали Милинг.