Павел Атман се сели во Израел

Според информациите на 24Ракомет, средниот бек од Русија, Павел Атман, во новата сезона ќе го носи дресот на израелскиот тим, Макаби Ришон Ле Зион, кој има големи амбиции да се врати на тронот.

Атман во Макаби Ришон Ле Зион ќе пристигне од редовите на ЦСКА Москва. Екс ракометарот на Металург и Вардар во московската екипа мина две сезони, но поради многуте повреди, искусниот ракометар одигра само 38 натпревари на кои постигна 83 погодоци, во рускиот шампионат и во Лигата на Европа.

Поранешниот репрезентативец на Русија најголемиот дел од својата кариера ја мина во својата татковина и во Белорусија. Во Русија освен за ЦСКА Москва настапуваше и за екипите на Волгоград и Чеховски Медведи, додека во Белорусија го носеше дресот на Мешков Брест и Динамо Минск

Во Македонија беше дел од екипите на Вардар и Металург. Пред да се пресели во Вардар го носеше дресот на Хановер. За репрезентацијата на Русија има одиграно 122 натпревари на меѓународна сцена и постигнато 236 погодоци.