Охрид триумфално против сехалигашот Партизан

По минималниот пораз од тимот на Црвена Ѕвезда, тимот на Охрид славеше на вториот пријателски натпревар во Србија.

Избраниците на Горан Андоновски го победија сехалигашот Партизан со 28-26, откако и на полувремето имаа предност од два гола, 17-15.

Словенецот Гал Цирар одново беше најдобар стрелец со седум погодоци, додека по пет пати погодија Стефан Дрогришки и Деан Шешиќ.

Охрид се враќа во Македонија каде ќе ги продолжи подготовките за плеј-оф, а веќе в недела го чека нов пријателски натпревар против Куманово.