Охрид со победа стартуваше на пријателските натпревари

Составот на Охрид го одигра својот прв контролен натпревар во подготвителниот период пред почетокот на новата сезона и забележа триумф против Прилеп со два разлика, 35:33.

Избраниците на Раде Стојановиќ подготовките ги започнаа на 4 август, а натпреварот против Прилеп беше проверка и за новите засилувања во охридскиот тим.

Двата суперлигаши в сабота, во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе го одиграат вториот пријателски натпревар.

Екипата на Прилеп во претходниот период имаше тест натпревари против Пролет и Еурофарм Пелистер 2.