Охрид даде отпор, но Вардар го собра целиот плен!

Екипата на Вардар на гостувањето во Охрид против истоимената екипа оствари победа, со резултат 28:21, во натпревар од 6. коло во плеј-оф фазата во Супер машката лига. Вардар со освоените бодови од денешното гостување останува во игра за првата позиција на табелата, на која моментално се наоѓа Еурофарм Пелистер.

Ракометарите на Охрид на стартот на натпреварот влегоа многу мотивирано, одлично парираа против актуелниот македонски шампион во најголемиот дел од средбата и во воведниот дел беа во резултатска предност, најмногу со два гола разлика, 4:2. Избраниците на Давид Дејвис при резултатска негатива од 5:4, го израмнија резултатот на 5:5 и започнаа да воспоставуваат контрола на теренот.

Охрид не се предаваше и предводен од Николов и Кривокапиќ, сѐ уште имаше сили за надигрување против гостинскиот состав, кој по нерешениот резултат од 9:9, направи серија од 4:0 за највисоко водство од 9:13 во 25 минута. Предноста од четири гола беше сосема доволно за „црвено-црните“ да заминат на пауза со водство од 11:16.

Брауновиќ со неколку интервенции на стартот на второто полувреме му овозможи на своите соиграчи да се вратат во игра. Охрид намали на 16:18 и имаше неколку ситуации кои не ги искористи за минус еден. Шилегов со својот трет гол во 38 минута намали на минус еден гол разлика, 18:19, но за неколку минути игра гостите од Скопје постигнаа четири гола во низа за 18:22.

Победата за Вардар не беше загарантирана бидејќи домаќинот со голот на Кривокапиќ на речиси десет минути пред финишот дојде до 20:22. Охриѓани на двапати не успеаја да реализират за минус еден, па така Талески со гол од девет метри му донесе на својот тим водство од 20:23. Ракометарите на Вардар во последните осум минути ја одржуваше стекнатата предност и не дозволија да има никакво изненадување во СЦ „Билјанини Извори“.

Најефикасни во победничката екипа беа Куни Моралес со седум и Филип Талески со пет погодоци. Кај Охрид се истакнаа Филип Кривокапиќ со шест, односно Филип Николов со четири гола. Следен предизвик за Вардар ќе биде гостувањето во Битола кај Еурофарм Пелистер во дербито, додека Охрид ќе му гостува на Бутел Скопје.

29 април 2022
21 - 28
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
29 април 2022 00:48 ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 27.04.2022 60'

Место

СРЦ „Билјанини извори“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ОХРИД1121Пораз
ВАРДАР 19611628Победа

ОХРИД

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Јагош Брауновиќголман00
4Крсте Андоновскилево крило00
6Филип Кривокапиќцентрален бек06
8Наум Костовдесно крило00
10Филип Николовдесен бек04
11Мице Шилеговдесно крило13
13Славчо Шулески-00
14Михајло Младеновиќлев бек12
19Иван Тасескипивот03
21Филип Грубор-13
24Мартин Манасковлев бек00
34Мартин Ивановскицентрален бек00
35Николче Ристескилево крило00
55Христијан Димитриескипивот00
 Вкупно 321

ВАРДАР 1961

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Борко Ристовскиголман00
5Стојанче Стоиловпивот00
6Оливие Њокаслев бек03
7Патрик Валчакпивот00
8Јоел Куни Моралесдесен бек07
9Гоце Георгиевскидесно крило02
11Мартин Карапалевскицентрален бек04
12Мартин Томовскиголман00
13Дијало Бакарилев бек00
21Давид Савревскидесен бек00
28Филип Талескилев бек05
44Стефан Додиќцентрален бек14
77Ален Ќосевскидесно крило03
92Костадин Петровпивот00
97Марко Мишевскилев бек00
 Вкупно 128

Officials

Судии:Делегат:
КОЛЕВСКИ ЃОКО
КРКАЧЕВ САШО
КАЛАНОСКИ СЛАВЧО
ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР980126
2ВАРДАР 1961970224
3ОХРИД970223
4АЛКАЛОИД960321
5ТИКВЕШ 2014950416
6ПРОЛЕТ92076
7БУТЕЛ91084
8СТРУГА90090