Охрид активен на трансфер пазарот – доаѓа десно крило од Словенија!

По Стефан Дрогришки, словенечкиот интернационалец Гал Цирар ќе биде второто засилување за амбициозниот состав на Охрид.

Станува збор 27-годишно десно крило, кое потекнува од школата на Горење Велење, играше за Радече, па за Јерусалем Ормож, пред во 2015 година да се пресели во Тримо Требње.

Таму играше седум сезони, до минатото лето, кога се врати во Ормож. По само пет месеци заминува и ќе го има првиот интернационален предизвик.

„Цирар доби подобри финансиски услови од тоа можеме ние да му понудиме и неговиот втор престој во Ормож е завршен. Му посакуваме успех во кариерата и му благодариме за тоа што направи за нас“, велат од Ормож.

Во првиот дел од сезоната во словенечкиот шампионат во дресот на Јерусалем Ормож на 15 натпревари, Цирар постигна 59 погодоци.

На десната крилна позиција во моментов Охрид ги има на располагање Црногорецот Балша Чејовиќ и Наум Костов. Охриѓани обезбедија место во плеј-офот и таму ќе стартуваат без бодови.