Официјално: Томаш Хлавати ќе биде тренер на Ростов Дон

Словачкиот стратег Томаш Хлавати е назначан за главен тренер на Ростов-Дон и ќе ги продолжи своите должности до крајот на сезоната 2021/2022.

Словакот во стручниот штаб на клубот дојде во сезоната 2018/2019. За тој период стана двократен шампион на Русија, трикратен победник во Купот и четрикратен победник во Суперкупот, освои и сребрен медал во Лигата на шампионите.

„Голема е одговорноста да се застане на чело на тим каков што е Ростов Дон со сериозни амбиции и планови. Во текот на годините додека сум тука, успеав одблиску да се запознаам со клубот и да ги научам вредностите. Не остана уште многу до крајот на сезоната, но даваме се од себе да ги оствариме нашите цели. Ќе дадам се од себе да ја оправдам довербата“, изјави Хлавати.