ОФИЦИЈАЛНО: Поради коронавирусот, олимписките квалификациски турнири без присуство на гледачи!

Квалификациските турнири за Олимписките игри во женска конкуренција кои ќе се играат од 20 до 22 март ќе се играат без присуство на гледачи, потврди Светската ракометна федерација.

Домаќините – Подгорица во Црна Гора и Ѓер во Унгарија, односно салите „Морача“ и „Ауди Арена“ ќе бидат празни и домашните нема да имаат поддршка од своите навивачи.

Се уште нема конкретна информација за турнирот во Шпанија, во Илирија, но веројатно ист случај ќе биде и таму.

Машките квалификациски турнири се на програмата од 17 до 19 април во Норвешка, Германија и Франција.