ОФИЦИЈАЛНО: Ортега ја презема Барселона, Кузмановски ќе има нов тренер

Раководството на европскиот шампион Барселона од денеска и официјално има нов предводник од клупата.

Наследник на Чави Пасквал ќе биде легендарниот Антонио Карлос Ортега, кој заминува од германскиот Хановер на една година пред истекот на договорот за соодветна оштета.

Тој ќе има тешка задача да ја одржи Барса на врвот на Европа, а Хановер не чекаше многу и веднаш најде замена за Шпанецот.

Нов тренер на бундеслигашот каде што игра македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски ќе биде Кристијан Прокоп, кој претходно беше на селекторската клупа на Германија.