ОФИЦИЈАЛНО: Никола Радовановиќ е нов голман на Скопје

Како што најави 24 Ракомет, поранешниот младински репрезентативец на Србија, Никола Радовановиќ, е првото засилување во составот на Скопје. Раководството на клубот денеска го потврди трансферот на голманот од Србија.

Чуварот на мрежата доаѓа од екипата на Рудар Костолац, со која играше во плеј-офот на српскиот шампионат минатата сезона.

Радовановиќ потекнува од Динамо Панчево, каде што играше четири сезони, пред да се пресели во Рудар Костолац, чиј гол го бранеше во последните две сезони. Скопје ќе биде прв интернационален предизвик за 24-годишниот голман.

Скопје преку бараж натпревар и триумфот над Аеродром го обезбеди учеството во Суперлигата за претстојната сезона. Тимот на новиот тренер, Горан Кузманоски ќе игра во групата Б заедно со екипите на Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Тиквеш, Пролет, Радовиш, Голден Арт и Јуниор КВ.

Скопје се засили со поранешен младински репрезентативец на Србија