ОФИЦИЈАЛНО: Златко Везенковски е нов ракометар на Прилеп!

После Александар Тренчевски, Прилеп добива уште еден искусен ракометар во својот состав.

Станува збор за искусниот среден бек кој доаѓа од екипата на Радовиш, Златко Везековски, кој претходно има настапувано за Пелистер, Зомимак Струмица и Охрид.

Без сомнение Везенкоски ќе биде големо засилување за младиот тим на Прилеп и ќе го надополни местото кое своевремено го имаше Филип Чурлевски.

Прилеп го чека тешка битка за опстанок во суперлигашкото друштво со Тиквеш, КЛ7, Радовиш, Работнички, Младост Богданци, Јуниор КВ и Астраион.