ОФИЦИЈАЛНО: Завршниот турнир во СЕХА од 4 до 6 септември во Задар!

Завршниот турнир во регионалната СЕХА лига, кој требаше да се одржи на почетокот на април во хрватскиот град Задар, има нов датум.

Местото останува исто, а новиот термин е од 4 до 6 септември. Салата „Крешимир Ќосиќ“ ќе биде домаќин на Мешков Брест, Загреб, а многу веројатно Вардар и Веспрем, кои имаат предност пред реваншите од четвртфиналето.

Вардар досега играше на сите заврши турнири во регионалната конкуренција, а има и пет титули.

Организаторот најавува дека ќе има публика на натпреварите, но веројатно во ограничен број, а деталите за распоредот и цените на влезниците, ќе бидат објавени дополнително.