ОФИЦИЈАЛНО: Веселин Вујовиќ повеќе не е селектор на Словенија

На Европското првенство во јануари репрезентацијата на Словенија ќе има нов селектор откако денеска и официјално дојде до разделба со досегашниот предводник на Словенците, Веселин Вујовиќ.

Соработката која траеше четири години и за врмее на истата беше освоена бронза на Мундијалот во 2017 година, како и 6. место на Олимписките игри во 2016 година и 8. место на ЕП во 2018 година, на клупата на Словенија ќе има нов селектор. Вујовиќ продолжува да работи само во Загреб, а причините за разделбата ги соопштува претседателот на Ракометната федерација на Словенија, Фрањо Бобинац.

„После циклус од четири години, раководството на Ракометната федерација на Словенија оцени дека без оглед на врвните резултати кои ги постигнавме дојде време за нова енергија. Претседателството донесе едносгласна одлука за прекинуање на соработката со господинот Вујови, а имаме доволно време за да најдеме квалитетно и соодветно решение за замена. До средина на декември ќе се знае кој ќе биде новиот селектор. Во последните девет години на клупата биле само двајца селектори, па сега ќе имаме ново име“, изјавува првиот човек на Ракометната федерација на Словенија, Бобинац.

Вујовиќ беше назначен за селектор на Словенија во мај во 2015 година.