Остроушко: Мојот клупски другар не ни дозволи да победиме

Дуелот меѓу Македонија и Украина во првото коло на ЕП 2020, беше посебно тежок за украинскиот репрезентативец Владислав Остроушко кој лебот го печали во битолски Еурофарм Пелистер. Македонија во поголемиот дел беше во предност, Украина во финишот успеа да изедначи, но не и да го сврти мечот. Остроушко спортски го призна поразот издвојувајќи го својот клупски другар на македонскиот гол, Никола Митревски, како главна пречка за Украинците на овој дуел.

„Ова беше тежок натпревар. На моменти игравме добро, на моменти лошо. Честитки за противникот, честитки за голманот, мојот клупски другар, Никола Митревски кој одигра многу добро. Ние денеска загубивме, но тоа е ракометот. Утре е нов ден, ќе се подготвуваме за следниот дуел“, изјави Остроушко.

Во второто коло од Групата Б, в недела, Украина ќе игра против Австрија, а Македонија ќе ги одмери силите со Чешка.