Освои титула, па продолжи договор: Остроушко уште една сезона во Олимпијакос!

Украинскиот интернационалец Владислав Остроушко, и следната сезона ќе ги брани боите на шампионот на јужниот сосед, Олимпијакос.

Некогашниот лев бек на Еурофарм Пелистер го продолжи договорот на уште една сезона, откако лани дојде од Катар.

Олимпијакос е неговиот 17 клуб во кариерата, а меѓу другите клубови играше и за Баја Маре, Кадетен Шафхаузен, Мешков Брест, Синфин, Азоти Пулави…

„Оваа сезона ги остваривме нашите цели и го освоивме првенството. Верувам дека следната сезона ќе биде уште поуспешна и ќе го дадеме максимумот за да освојуваме уште титули“, вели Остроушко.

Во Битола мина две сезони од 2018 до 2020 година, и беше меѓу најдобрите стрелци на Еурофарм Пелистер.