„Освен на теренот, во Унгарија треба да „играш“ и зад кулисите“

Данската ракометарка која настапува во првенството на Унгарија, во дресот на Шиофок, Симона Бем ја критикуваше одлуката на федерацијата првенството да биде поништено. Таа смета дека е можно да има некои влијанија и игри во позадина на оваа одлука.

Најверојатно после поништувањето место во европските натрпеварувања ќе добијат екипите според пласманот од претходната сезона.

Така повторно Ѓер и Ференцварош ќе играат во Лигата на шампионите, иако во моментот на прекинувње Шиофок беше на втората позиција на табелата и наредната сезона повторно ќе игра во ЕХФ Купот.

„Ова е ужасна одлука, одигравме 70 проценти од натпреварите и се боревме за место во Лигата на шампионите. Во изминативе три години направивме скок од петото место до зоната која води во најдоброто европско клупско натпреварување. Ова е неправедно, понекогаш мислам дека тука во Унгарија освен на натпреварите треба да се борите и со игрите во позадина. Мислам дека би требало местата за во Европа да бидат доделени според сегашниот пласман на екипите, како што направија во Данска“, кометираше Бем.

Шиофок е на вторат позиција зад Ѓер, а пред Ференцварош и доколку се гледа пласманот од оваа сезона тие ќе добијат билет за во Лигата на шампионите.