Ортега се жали: Ситуацијата во Барса е лоша…

Ланскиот освојувач на Лигата на шампионите, каталонскиот гигант Барселона, кој е можен ривал на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер во елитното натпреварување, се соочува со финансиска криза.

Како што е веќе познато, клубот од Каталонија планира големо кратење на буџетите во сите спортски колективи (фудбал, ракомет, кошарка, одбојка, хокеј итн)…

Барселона поради настанатата ситуација не успеа во своите редови да го донесе полскиот репрезентативец Артем Каралек. Трансферот на членот на Келце беше премногу скап за шпанскиот првак.

Тренерот на Барселона, Антонио Карлос Ортега, во разговор за „Мундо Депортиво“ ја коментираше моменталната ситуација во клубот.

,,Ситуацијата во клубот е лоша, тоа сите го знаеме. Ние треба да се прилагодиме според ситуацијата. Сигурен сум дека со текот на времето ќе успееме да составиме посилен тим, но тоа треба да го направиме со помал буџет”, изјави Ортега за „Мундо Депортиво“.

Искусниот стратег се осврна и на шпекулациите дека голманот Гонсало Перез де Варгас би можел да ја замени Барселона за Кил.

,,Перез де Варгас има уште двегодишен договор со клубот. Лично разбирам дека би сакал да остане, но тоа не зависи од него, тука голем удел има и економската состојба. Играчите исто така треба да одлучат, како јас, кога ќе дојде редот да заминам или пак да останам. Ако Перез де Варгас има фантастична понуда, а сегашниот клуб не може да ја обезбеди, целосно разбирам зошто размислува да замине”, додаде Ортега за „Мундо Депортиво“.

Она што е познато е дека францускиот репрезентативец Лудовик Фабрегас ќе ги засили редовите на Веспрем, но исто така и Лука Циндриќ ќе го напушти поранешниот европски шампион. Од Барселона заминува и младиот Артур Парера, кој беше трета опција на пикерската позиција.