Општина Кисела Вода ја презеде на управување салата Расадник

Општина Кисела Вода го презеде управувањето со спортската сала „Расадник“. Извршено е примопредавањето и објектот, без долгови е преземен на трајно користење од Јавно претпријатие за стопанисување со објекти за спорт.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој денес изврши увид во руинираната сала, истакна дека сега, откако Кисела Вода правно управува со неа, ќе започне процес за целосна реконструкција и враќање на сјајот на овој некогашен дом на спортот и спортските великани.

„Со големо задоволство сакам да ве информирам дека конечно правно ја вративме салата Расадник. Ја прездовме без долговите кои ги имаше и започнуваме процес за нејзина темелна реконструкција. Со овој чин, ставаме крај на 30-годишната негрижа која овој објект го претвори во руина, во демолиран, небезбеден и целосно уништен простор кој од најголема гордост, стана најголем срам, не само за Кисела Вода, туку и за цела Македонија„, изјави Ѓорѓиевски.

сала Расадник

Градоначалникот на Општина Кисела Вода вели дека ќе го врати сјајот на овој спортски објект.

„Расадник повторно ќе биде центар на најголемите спортски случувања, повторно ќе биде дом на црвено- црните и на сите други значајни клубови. Место од каде ќе одекнуваат аплаузи и навивања, место каде ќе се слави успехот“, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

Обезбедени пари за реконструкција на салата „Расадник“ – РК Вардар се враќа „дома“?