Ончев и Тримо го срушија шампионот Горење!

Во првото коло од првенството на Словенија веднаш на програмата беше дерби натпревар помеѓу екипите на Тримо Требње и Горење кој после голема борба го доби домашната екипа со 25:24.

Македонскиот интернационалец во Тримо Требње, Тоше Ончев имаше забележителен настап и во првата победа на својот тим во новата сезона придонесе со четири гола. Сите погодоци ги постигна во првото полувреме од натперварот.

Тримо имаше добар почеток, отвори со 2:0 и 5:3 и ја одржуваше предноста петнаесетина минути. Кон средината на првиот дел Горење за првпат дојде до водство и до полувремето се играше израмнето, а така беше и на паузата 14:14.

Продолжението беше многу неизвесно, но постојано гол предност имаше Тримо која успеа да ја сочува до крај за важна победа. Во второто коло Тоше Ончев и Тримо ќе играат на гостински терен кај екипата на Добова и ќе се обидат стигнат до нови бодови.