Онеста: Динар – роб кој има најмногу корист од неговото ослободување

Поранешниот репрезентативец на Франција и селектор, Дидие Динар на прес конференција соопшти што му напишал како посвета неговиот претходник на слекторската позиција на националната селекција, Клод Онеста.

Во посветата на својата книга Онеста својот наследник го нарекува роб. Ова предизвика многу реакции во француските медиуми. Особено погоден од ваквите зборови беше Дидие Динар.

„Дидие, роб кој има најмногу корист од своето ослободување. Се надевам дека на своите играчи нема да им ставиш ланци“, гласи посветата од Онеста на Динар.

Сепак, според Онеста овие зборови не се толку тешки и нема ништо против својот играч и наследник на клупата на Франција. Онеста се обиде да го објасни ова со обраќање до јавноста.

„Приватно му напишав посвета на човекот на кој му ги дадов клучевите од рајот и му ја предадов репрезентацијата. Па дали мислите дека ако имам нешто против или имам расистички чувства кон Динар би го направиле тоа што го направивме за репрезентацијата и заедно во кариерата да стигнеме толку далеку?“, рече Онеста во обраќањето за медиумите.

Ова се случило во 2016 година но Дидие Динар не го соопштил во јавноста до сега од причина што како нов тренер би можел да биде на удар во Франција. Тој објасни како се чувствувал тој и неговото семејство после ваквите зборови.

„Сите знаеме дека Онеста е свесен за кажаните зборови и дека тие се полни со непочитување што длабоко ме повредија мене и мајка ми. Исто така сите кои ме познаваат беа шокирани. Да проговорев веднаш јавно за тоа, како нов селектор би добил „црвен картон“. Препуштам секој сам да процени дали зборовите се расистички. Но сигурно е дека се дискутабилни, освен што се непростливи. Доволно е што кон луѓето се обраќаме според нивниот религиски, етнички или културен идентитет“, рече Динар.