Олимписките игри одложени за 2021 година!

Летните олимписки игри, кои требаше на 24 јули да започнат во јапонскиот град Токио, сепак нема да се одржат оваа година.

Поголем број светски медиуми, ја лиферуваа веста дека најголемиот спортски настан е одложен за следното лето.

Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе му предложил на претседателот на Меѓународниот Олимписки Комитет да се одложат ЛОИ за следната година, а таквиот предлог бил прифатен од неговата страна.

Организаторите проценија дека во време на пандемија и борба со коронавирусот ќе биде тешко да се одржи ваков настан и дека здравјето на навивачите и спористите е во прв план.