Олимписките игри завршија за екс ракометарка на Вардар

Женската репрезентација на Франција има половичен ефект по првите две кола на Олимписките игри во Токио, но селекторот Оливие Крумболц има уште една главоболка плус.

Најголемиот светски собир заврши за екс ракометарката на Вардар, Александра Лакрабер, па Крумболц ја замени со Осеан Уголен од Крим.

Лакрабер има проблеми со адукторот, не играше многу на првите два меча, па сега Уголин ќе се обиде да го надомести нејзиното отсуство.

Крумболц комбинира и со десното крило Лора Флип на десен бек, а Паула Коатанеа игра цел меч на десно крило без замена, но во продолжение на игрите и во тешките дуели со Шведска, Русија и разиграниот Бразил, Французинките би можеле да имаат проблеми.