Од шок до насмевка: Вардар со пораз заминува на деветтиот СЕХА Ф4 во Задар (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Малку фалеше вардарци на ТВ да го гледаат завршниот турнир во СЕХА лигата, но на крај сепак ќе патуваат во Задар.

Регионалниот шампион загуби дома од Нексе Нашице со 25-26, па голот повеќе на гостински терен, од мартовската победа со 31-30, му донесе место на Ф4.

Полуфинален ривал на Вардар ќе му биде Загреб, а во второто полуфинале ќе играат Веспрем и Мешков Брест.

Завршниот турнир во Задар ќе се игра од 4 до 6 септември.

[soliloquy id=”139581″]