Од Спортинг не се помируваат со поразот – Судењето не беше како во Лисабон, беше невозможно да се победи во Битола

Еурофарм Пелистер одигра одличен натпревар и славеше убедлива победа против екипата на Спортинг со 31:25 со која се искачи на второто место на табелта.

Тренерот на тимот од Португалија, Рикардо Коста после натпреварот ги кажа своите импресии од изданието на своите играчи и противникот.

„Не сум задоволен од последните пет минути од првиот дел и првите од второто полувреме. Не беа истите услови за угра како во Лисабон, ниту судењето беше исто. Жалам што не забележавме победа на првиот натпревар и таму ја испуштивме шансата. Тука беше невозможно да се победи. Не би сакал да ги коментирам судиите, но пропуштивме голема шанса на овој натпревар. Сè уште имаме шанси да обезбедиме пласман понатаму, сега ни останува да се фокусираме на следните натпревари“, рече Рикардо Коста.

Исто така и словенечкиот интернационалец кој брани за Спортинг, Матевж Скок имаше свое видување на натпреварот.

„Пелистер одигра многу тактички, знаеја што точно треба да прават. Додека бевме во систем играмве добро, но кога попуштивме играчите на Пелистер го искористија тоа. Сакав да им кажам на соиграчите како ќе биде тука во Македонија, каква ќе биде атмосферата, какво ќе биде судењето, но да го оставиме тоа на страна. Имаме млада екипа и често ја губиме главата што влијае на резултатот, кој не е реален. Разликата е преголема, но Пелистер одигра максимално и им честитам на победата. Нас ни останува да се фокусираме на наредните натпревари и да извлечеме поука од овој дуел“, рече Скок.

Ова беше последно коло годинава во Лигата на Европа, следува зимската пауза, а натпреварите ќе продолжат следната година во февруари.

Eурофарм Пелистер супериорен – надигран е Спортинг, и битолчани се во врвот на табелата во групата

Пелистер се сака од мали нозе – „подмладокот“ се радуваше со сласт (ФОТО)

Велковски: Имаме неверојатна публика која ни даваше многу енергија

Бабиќ: Покажавме дека сме вистинска екипа

Да ве чујам сите: Пелистер шампионеее (ФОТОГАЛЕРИЈА)