Од Партизан најавија: Ќе се потрудиме да го победиме Вардар во Белград

Вардар ја забележа првата победа во новата сезона од регионалната СЕХА лига, откако славеше дома против Партизан со 31-26.

Капитенот на Партизан, Иван Мичиќ, вели дека било убаво да се игра во прекрасната атмосфера создадена од навивачите на Вардар.

„Атмосферата која ја прави публиката е достојна за еден двоктратен првак во ЛШ. Убав впечаток остава, само можам да се надевам дека нашите навивачи вака ќе навиваат на реваншот. Ова е втор натпревар за мене во СЕХА лигата, ова е чекор напред за нас, имавме 50 минути добра игра, пруживме отпор, имавме шанса од пенал за предност…Вардар е екипа екоја знае како да казни, им честитам на победата и им посакувам се најдобро во СЕХА лигата“, вели Мичиќ.

Тренерот Дарио Кржељ и покрај поразот е задоволен од играта на неговата млада екипа и посакува победа над Вардар во Белград.

„Атмосферата беше супер, убав амбиент полна сала, домашни навивачи, едно поинакво искуство за мојата екипа. Ние сме млада екипа, се покажаа добро и затоа им честитам, во понеделник имаме важен натпревар против Раднички од Крагујевац. Му честитам на домаќинот за добрата игра и за победата. Ние сакавме да победиме и вечерва, но најважна ни е српската лига, ова во СЕХА е само за искуство на моите играчи. Секако дека ќе се потрдуиме да го победиме Вардар во Белград и се надевам на поддршка од нашите навивачи“, вели Кржељ.

Следен предизвик за Вардар ќе биде домашниот натпревар со словачкиот Татран Прешов на 10 февруари.