Од недела спортски мрак во Македонија – на ТВ нема повеќе ракомет, фудбал, кошарка…!

Кабелските оператори во  Македонија од недела ќе започнат да го реализираат најавеното исклучување на телевизиите кои ги имаат во нивната понуда, а на кои има спортски натпревари.

Причина за ова се несогласувањата околу авторските права за програмите кои се емитуваат преку кабелските оператори.

Тие ги известија надлежните институции во Македонија дека следува период на исклучувања на каналите што се во нивна понуда. За време на прекините ќе бидат испишани причините за медиумскиот мрак, а исклучени ќе бидат сите странски телевизии, но и македонските национални телевизии Сител, Канал 5, Телма, Алсат и Алфа.

Сега има само фудбалски и кошаркарски преноси, а ракометните тимови се уште се на пауза, па на љубителите на овој спорт нема да им биде скратено задоволството. Би било проблем доколку проблемот не биде решен до стартот на европските купови.

Планирано е овој мрак да трае најмалку до 8 август.