Од Неготино во Велес – Димче Минов потпиша за Борец

Екипата на Борец продолжува со засилувањата за новата сезона. Нов ракометар во Борец е левиот бек од Вардар Неготино, Димче Минов.

22-годишниот ракометар веќе пристигна во новата екипа со која ги одработуваат подготовките кои започнаа на 9 август.

Со доаѓањето на Минов, Борец ја пополни левата бековска позиција. Освен Минов, на таа позиција ќе настапуваат и двајцата ракометари од изминатата сезона, Илија Табаков и Филип Сиљанов.

Минов потекнува од школата на Борец, а во својата кариера го носеше дресот и на Тиквеш од Кавадарци. Амбициите на клубот се добри резултати во Првата лига, но и борба за горниот дел на табелата.

Претходно, клубот од Велес го ангажираше средниот бек од Вардар Неготино, Борис Ристовски. Во новата сезона Борец ќе биде предводен од новиот тренер Игор Тодоровски.