Од Исланд се врати дома: Томи Јагуриновски потпиша за Пролет!

Македонскиот репрезентативец Томислав Јагуриновски е првото засилување на тимот на Пролет за наредната сезона. За услугите на одличниот десен бек се интересираа уште неколку екипи, но Јагуриновски се реши за екипата што игра во плеј-аут.

Јагуриновски доаѓа во Пролет од редовите на исландскиот клуб Тор Акурејри, каде настапуваше во одлична форма под водство на тренерот Стевче Алушовски.

Репрезентативецотпретходно во кариерата ги бранеше боите на Металург, Еурофарм Работник, Пелистер и Вардар.

Тој беше дел од македонската репрезентација што оствари голем успех со пласманот на СП 2022. Токму Јагуриновски го изнуди клучниот пенал на реваншот со Чешка што Филип Кузмановски го претвори во гол за мундијалски билет во последните секунди од мечот во СЦ „Борис Трајковски“.