Од европскиот првак во Бундес лигата – Каспер Мортенсен пред камбек во Хамбург

Репрезентативецот на Данска, Каспер Мортенсен во 2018 година пристигна во европскиот шампион Барселона, но низата повреди беа причина подолго да отсуствува од терените.

За новата сезона, Мортенсен беше во потрага по клуб каде ќе има доволно минутажа за одржување на својата форма. Според „Handball Leaks“, неговиот поранешен клуб Хамбург и Данецот веќе ги завршиле преговорите за камбек во Бундес лигата.

Мортенсен во Хамбург одигра само една сезона, 2015/2016, а потоа се пресели во Хановер. Последните три сезони ги мина во каталонскиот гигант, Барселона.

Поради повреда го пропушти Мундијалот во Египет, но исто така ќе ги пропушти и Олимписките игри во Токио кои стартуваат за неколку денови.