„Од готово вересија“ – Вардар Неготино испушти победа во Аеродром, а можеше и да загуби!

Третопласираниот на табелата Вардар Неготино во рамки од Плеј-офот во првата лига против Аеродром кој се наоѓа на осмата позиција одигра реми 24:24 иако во најголем дел од натпреварот имаше предност. Домаќинот до ремито дојде со подобра игра во самата завршница. Со ова реми Вардар Неготино останува на третата позиција и се „одлепува“ од вторто место кое води во баражот.

Натпреварот беше отворен во втората минута кога Орхан Емини погоди за гостинскиот тим, на спротивната страна брзо возврати Филип Пајковски. Во наредните неколку минути видовме изедначена игра со голови и на двете страни така беше се до 4:5.

Со неколку мини серии од два-три гола до полувремето гостите направија солидна предност, а на полувреме заминаа со 10:14. Највисоката предност која ја имаа во овој дел беше пет гола разлика.

Второто полувреме донесе игра во која гостите од Неготино само ја одржуваа стекната предност од првиот дел и ниту еднаш не поведоа со поголема разлика од тие пет гола. Предноста на Аеродром започна да се намалува во последните десетина минути, па така во последните две минути иако не се очекуваше, се влезе во неизвесна завршница во која Вардар Неготино водеше со 22:24.

Тие две минути беа навистина драматични, гостите не постигнаа гол, а домаќините изедначија за во последните секунди да стигнат и до напад за победа кој сепак не го реализираа.

Најефикасни кај Аеродром беа Филип Пајковски, Иван Митревски и Бојан Николовски со по пет гола, на спротивната страна пет постигна и Костадин Петров, по четири гола зад своето име во победничкиот состав имаа Стефан Кочаров и Бојан Трпески.