Од Вардар се врати таму од каде што дојде, а сега го продолжи договорот

Шпанскиот стратег Давид Писонеро, кој лани го водеше европскиот шампион Вардар, го продолжи договорот со тимот на Ваљадолид.

Токму од овој тим Писонеро лани дојде во Скопје и имаше кратка авантура, иако не по своја вина.

Најпрво од главен тренер стана помошник на Едуард Кокшаров, но на полусезоната си замина назад во Шпанија и тврдеше дека Вардар му понудил да се врати пред да дојде Стевче Алушовски.

Писонеро ја одработе кратката пролетна полусезона со Ваљадолид, а сега ја продолжи соработката за уште една сезона.