Од Вардар во Автокоманда: Николиќ потпиша за Металург

Левиот бек Милица Николиќ, која досега беше дел од Вардар е нова ракометарка на Металург, со кој потпиша договор на една сезона.

Николиќ потекнува од школата во Автокоманда и ги мина сите младински категории на Металург.

Потоа се пресели во Вардар каде мина три сезони, пред повторно да го облече дресот на Металург.

Таа е дел од поширокиот список на сениорската репрезентација на Македонија и ќе биде големо засилување за тимот од Автокоманда во борбата за домашните трофеи.