Од Барса во Берлин: Андерсон ќе тресе мрежи за Фуксе!

Бундеслигашот Фуксе Берлин денеска објави  дека го ангажирале левиот бек на данската репрезентација и на Барселона, Ласе Андерсон, кој во следните три сезони ќе тресе мрежи за  „лисиците“.

Тој пропушти голем дел од првата сезона во каталонскиот гигант, беше повреден, а сега има конкуренција во Н’гесан, тука е и Палмарсон, па во потрага по поголема минутажа на теренот се реши за нов предизвик.

Андерсон потекнува од тимот на Рингстед, а потоа три сезони мина во Копенхаген. Иако се сметаше дека ќе биде наследник на Микел Хансен, сепак неговата кариерата не оди како што му одеше на левиот бек на ПСЖ.