Одлично издание на Костески, Загреб убедлив против Спартак Москва

Хрватскиот шампион Загреб оствари убедлива победа во рамките на 8. коло од регионалната СЕХА лига, откако вторпат славеше над рускиот Спартак Москва.

Избраниците на Веселин Вујовиќ победија со 30-17, а македонскиот репрезентативец Ненад Костески беше меѓу најдобрите на теренот.

Тој постигна четири погодоци од шест обиди и беше втор стрелец во победничкиот тим, а Вистороп и Равниќ со по пет гола беа најефикасни.